Уште денеска нестабилност, па следува период на сонце и топло време

Сподели со своите пријатели

Времето денеска пртепладне ќе биде сончево со умерена облачност, попладне ќе има нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со појава на град, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Како што додаваат од таму, ќе дува умерен североисточен ветер. Минималните температури ќе се движат од 14 до 20, а максималните од 27 до 34 степени.

Потоа следува период на стабилно и сончево време, во петок и за време на викендот со умерен до засилен северен ветер, велат од УХМР.

Image by Bessi from Pixabay

Leave a Reply