Уште четворица кумановци позитивни на коронавирус

Сподели со своите пријатели

Четворица кумановци во изминатото деноноќие се регистрирани како позитивни на коронавирусот, информираат од Министерството за здравство.

Loading...

Со тоа вкупно во Куманово има 15 случаи, од кои еден починат.

На територијата на државата заклучно 12 часот денеска има 24 нови случаи, најмногу во Скопје 15.

Следува Куманово со четири нови, Дебар со два, и по еден во Охрид, Штип и Тетово.

Со тоа вкупната бројка на досега регистрирани случаи се искачи ан 201 лице.

Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:

– Скопје (123)

– Дебар (43) од кои 2 починати

Loading...

– Куманово (15) од кои 1 починат

– Штип (8)

– Велес (3)

– Охрид (3)

– Кавадарци (2)

– Прилеп (2)

– Гостивар (1)

– Тетово (1)

Loading...

Од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби се испишани 2 пациенти кои на два контролни теста на Ковид-19 имаа негативен резултат. Пациентите се во добра здравствена состојба и се пуштени на домашно лекување. Со ова во земјата досега има 3 излекувани пациенти и 3 починати.

Никола Ивановски

Leave a Reply