УШЕТЕ ЕДЕН ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД: Денот на независноста неработен за сите граѓани

Сподели со своите пријатели

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека, согласно со Законот за празниците на Република Македонија (,,Службен весник на РМ,, бр.21/98 и 18/07), 8 септември 2017 година (петок), Денот на независноста е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните во Република Македонија им го честита Денот на независноста.