Урсула фон Дер Лајен утре во Македонија

Сподели со своите пријатели

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен утре и задутре ќе престојува во официјална посета на Македонија.

Loading...

Токму од тие причини утре и задутре во Скопје ќе се примени посебен сообраќаен режим.

– Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека на 26 и 27.10.2022 година (среда и четврток), во официјална посета на Република Северна Македонија ќе пристигне претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Посебниот режим на сообраќајот ќе биде применет по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Работодавачите утре да не извршуваат дејност, предупреди Државниот инспекторат

Никола Ивановски