Урсула фон дер Лајен утре ќе зборува за состојбата во ЕУ

Сподели со своите пријатели

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, утре во Европскиот парламент во своето годишно обраќање за состојбата на ЕУ ќе зборува за постигнувањата во изминатата година и за плановите.

Loading...

Се очекува, покрај војната во Украина, меѓу главните теми на европратениците во Стразбур да бидат и проширувањето на ЕУ и буџетските планови, пренесува Бета.

Во документот од 120 страници подготвен за дебата со европратениците се наведени најважните достигнувања на Комисијата во областите на одбрана на европскиот мир, инвестирањето во европскиот просперитет и заштитата на демократските вредности и права.

Говорот на Урсула фон дер Лајен за состојбата на ЕУ ќе биде нејзин последен во овој мандат, пред европските избори на почетокот на јуни 2024 година.