Урсула фон дер Лајен: Царините се даноци, лоши за бизнисите, полоши за потрошувачите

Сподели со своите пријатели

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен изјави дека длабоко жали за одлуката на САД да воведат царини за извоз на автомобили од ЕУ.

Loading...

„Царините се даноци, лоши за бизнисите, полоши за потрошувачите, во САД и ЕУ“, рече Лејен на мрежата X.

Таа додаде дека ЕУ ќе продолжи да бара решенија преку преговори, притоа чувајќи ги своите економски интереси.

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера објави дека САД ефективно ќе воведат царина од 25 отсто за сите автомобили што не се произведуваат во земјата.

„Но, ако го произведувате вашиот автомобил во САД, нема царини“, рече Трамп, пренесе Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Расте опасноста светската економија да западне во рецесија оваа година