Урош Луковиќ во КК Куманово, брат му во МЗТ

Сподели со своите пријатели

Марко Луковиќ, кошаркар од Србија, и официјално е нов играч на актуелниот македонски кошаркарски шампион, МЗТ Скопје.

Loading...
На дваесет и три годишна возраст, Луковиќ зад себе веќе има солидна кариера. Тој доаѓа од тимот на германскиот клуб ТББ Трир. Пред овој ангажман, српскиот кошаркар настапуваше за КК Мега Визура.
Инаку, Луковиќ е третото засилување за МЗТ, откако нови договори потпишаа Марко Љубичиќ и Ѓорѓе Дреновац.
Крилниот играч на МЗТ е брат на познатиот кошаркар на КК Куманово, Урош Луковиќ, но и син на Љубисав Луковиќ, актуелен тренер на кумановскиот кошаркарски клуб.