Урош Луковиќ останува верен на К.К Куманово

Сподели со своите пријатели

Еден од најдобрите играчи на К. К Куманово, српскиот кошаркар Урош Луковиќ, денес го обнови својот договор со кумановскиот клуб, соопшти управата.

Loading...

Луковиќ е роден 1988 година во Белград, висок е 213 см,  а својата кариера ја започнува во Торлак, за да продолжи со настапи во клубови од Србија, Шпанија, Естонија, односно КК Кожув, за да повторно се врати во кумановскиот клуб.

Тој е син на познатиот тренер Љубисав Луковиќ, кој од оваа сезона, ќе го води клубот на КК Куманово.

Досега, со КК Куманово, договорите ги обновија речиси сите успешни кошаркари на кумановскиот клуб.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.