УРНЕБЕСНО: Како жените мислат дека ќе се однесуваат гостите? (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Ако не ве фаќа паника за уредноста на вашиот дом пред да дојдат гостите, дали сте воопшто мајка?

Loading...

Еден сопруг направи пародија токму на оваа тема и ја објави на ТикТок.

Во урнебесното вирално видео тој се однесува токму онака како што неговата сопруга замислува дека ќе се однесуваат гостите во нивната куќа.

„Еј, не треба да брзаш, уште не се спремни. Ова место дури и не го исчистиле“, вели тој додека се преправа дека е на телефон.

Влегува дома и ја проверува чистотата на тепихот, ѕирка во рерната, ги мириса крпите во бањата…

Накратко, ја имитира речиси секоја мајка и ги потсетува дека сите поминуваат низ истото и дека е убаво да се смеете на тоа понекогаш.

„Сега можам да му кажам на мојот сопруг дека не сум луда. Луѓето навистина судат“, „Тоа се случува затоа што луѓето ги судат жените за неуредни домови. Не треба да биде така“, „Кога доаѓам да ја посетам, ја судам чистотата на домот базирано на бања“, прашината“, „Токму така се однесува мајка ми кога доаѓа некој да нѐ посети“, се некои од многуте коментари од овој клип што собра 19,7 милиони прегледи.

Експертите велат дека некои луѓе имаат потреба совршено да го исчистат својот дом од страв да не ги осудат другите, што можеби е ирационално, но реално.

Loading...

 

@thedashleys You should see the baseboards. #couples ♬ original sound – Thedashleys