Урнати темелите на крстот во Бутел, поставени шатори и албански знамиња

Сподели со своите пријатели

Предводени од ДУИ вчеравечер демонстранти ги урнаа темелите на 55-метарскиот крст во скопската населба Бутел, а врз нив поставија шатори и албански знамиња.

На местото на протестот Албанците беа предводени од највисокото раководство на ДУИ, исто онаа кое во 2001 година командуваше со ОНА. Според изјавата на градоначалникот на Чаир, Изет Меџети, нема да се тргнат од местото се додека не се промени одлуката за изградба на крстот која според него не е во интерес на граѓаните. Поставувањето на крстот го опиша како провокација кон албанското население. Тој вели дека минарето и крстот не треба да се поставуваат на улица, туку во цркви и џамии.

Освен што насилнички беа урнати тарабите околу темелите, демонстрантите запалија и една од скапите владини палми, а полицијата иако во голем број присутна околу местото сепак не презема никакви мерки.

По час и половина, поголем број од демонстрантите беа разотидени, додека неколкумина сепак останале да преноќат во шаторите.

Камен-темелникот за крст во Бутел беше поставен минатата недела и според најавите ќе биде готов за два месеца. Крстот е донација на Светскиот македонски конгрес, а на поставувањето присуствуваа и високи функционери од владејачката ВМРО-ДПМНЕ. И за време на поставувањето камен-темелник минатата недела, ДУИ и нивните поддржувачи протестираа.

Loading...

Поставувањето на крст, доаѓа по поставувањето на споменик на Двоглав орел во општина Чаир од страна на ДУИ, кој беше ставен во чест на загинатите припадници на ОНА во конфликтот во 2001.

Првите луѓе на СДСМ, Зоран Заев и ДПА, Мендух Тачи вчера рекоа дека ова се смислени предизборни сценарија од страна на владејачката македонско-албанска коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.

фото: ПлусИнфо.мк

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.