Урна Гинисов рекорд: Запознајте ја настарата стјуардеса во светот (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Жена (86) од Бостон го собори рекордот како стјуардеса со најдолг работен стаж во светот, потврди Гинисовата книга на рекорди, објавија локалните американски медиуми.

Loading...

Бет Неш (86) почнала да работи како стјуардеса во 1957 година за Eastern Airlines и продолжила да работи за American Airlines до денес без никаков прекин во вработувањето, Гинис го потврди светскиот рекорд на 1 јули.

Неш рече дека поголемиот дел од својата кариера го поминала на релација Њујорк-Бостон-Вашингтон, бидејќи тоа и овозможува да се врати дома ноќе и да се грижи за нејзиниот син со хендикеп.

Гинис наведува дека Неш моментално е најстарата стјуардеса во светот.

Прославувајќи ја својата 60-годишнина со компанијата во 2017 година, Неш рече дека бизнисот значително се променил со текот на годините.

„Требаше да бидеш одредена висина, требаше да имаш одредена тежина. изјави таа за WJLA-TV.

 

Loading...