Уринава сирени за воздушни напади низ цела Украина

Сподели со своите пријатели

Ширум Украина утринава беше прогласена воздушна тревога. Властите предупредија на можни руски ракетни напади и ги повикаа граѓаните да се засолнат.

Loading...

„Постои голема опасност од ракетен напад. Сакам уште еднаш да нагласам – не ги игнорирајте сирените за воздушни напади“, рече Серхи Попко, шеф на воената администрација во Киев.

Воената администрација соопшти дека утрово полетале неколку руски борбени авиони Ту-95 и предупредиле на можни ракетни напади.

Во текот на ноќта руските сили извршија серија напади врз Харков, вториот по големина град во Украина, во чии делови имаше прекин на електричната енергија, а беше гранатиран и градот Запорожје, објавија локалните власти.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Вашингтон пост: Русија на преговорите ќе ја претставуваат Лавров и Ушаков

„Окупаторите ја погодија критичната инфраструктура. Имаше околу десет експлозии“, објави гувернерот на Харковската област Олех Синехубов на комуникациската платформа „Телеграм“, додавајќи дека службите за итни случаи се на терен. Засега нема информации за жртви во Харков.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.