Уредени 180 метри од кејот на Липковка во Куманово (фото)

Сподели со своите пријатели

Вкупно 180 метри од кејот на реката Липковка се уредени со проектот за регулација на речното корито што почна од средината на јули годинава.

Како што информира денеска секретарот на Општина Куманово, Валентина Алексовска, работите стартуваа од вливот на Којнарка и Липковка, а досега се завршени 180 метри.

– Во првата фаза од проектот се очекува да бидат завршени 400 метри, а во наредниот период вкупно 1,8 километри. Проектот е поддржан од УНДП преку Јапонија, а Министерството за животна средина и просторно планирање и општина Куманово одвоиjа по 200.000 евра, рече Алексовска.

 

Loading...

 

Проектот опфаќа регулација на речното корито во должина од 1800  метри. За регулацијата и изградбата на два нови пешачки моста ќе бидат потрошени еден милион и шеесет илјади евра. Носител на проектот е УНДП,  а донатор е јапонскаста амбасада во РМ, која ќе учествува со 65 проценти од предвидените средства. Останатите 35 отсто ќе бидат одвоени од општинската каса и министерството за животна средина и просторно планирање.

– Втората фаза исто така ќе биде вклучена во работа, до башкими, стадионот, Мислам дека ова ќе ни даде услови и за регулирање на кејот околу стариот градски парк, ќе иамме двоен бенефит, и регулација на речното корито и отклонување на опасност од поплави, а и решавање на зелените површини, изјави Зоран Дамјановски, градоначалник на Општина Куманово.

 

 

Со проектот е предвидено продлабочување и проширување на речното корито, како и поплочување со камења за намалување на можноста за излевање на реката и поплавување на домовите на жителите кои живеат покрај речното корито, претежно социјално ранливи категории граѓани.

(МИА/Кумановски муабети)