Управниот суд ги замрзна одлуките на минитерот Спасовски

Сподели со своите пријатели

Управниот суд го усвои предлогот на дополнителниот заменик министер во Министерството за внатрешни работи, Митко Чавков и со времена мерка на актуелниот министер Оливер Спасовски му забарни да разрешува, распоредува и именува кадри во министерството.

Постапувајќи по посебните предлози за донесување на решенија за времена марка, Управниот суд донесе решенија за времена мерка со кои се уважи предлогот на тужителот-дополнителниот заменик министер во Министерството за внатрешни работи на Република Македонија и со истите се забранува на Министерот за внатрешни работи во Владата на Република Македонија, да презема дејствија во врска и по повод решенија за разрешување, распоредување и решенија за именување на носители на раководни позиции во министерството, стои во соопштението на Управниот суд.

Временската мерка била донесена изминатите неколку денови, а од судот велат дека истата ќе важи се додека не биде донесена конечната одлука. Чавков кој во име на разрешените од страна на новиот министер поднесе тужби, веднаш издал телеграма со која бара ситуацијата во министерството да се врати како во неговото време.

Чавков вели дека сите разрешени началници со одлуката на Упарвниот суд треба да се вратат во канцелариите, а истото според него се однесува и на советниците во кабинетот на новиот министер. И за назначувањето на советниците на Спасовски, Чавков побарал Управниот суд да ги поништи тие одлуки и да ги врати на старите позиции во МВР.

Оваа телеграма на неговиот дополнителен заменик министер за Спасовски претставува обид за создавање на хаос во МВР.

И лидерот на СДСМ ги критикуваше постапките на Чавков, а на министрите од својата партија им побара да работат во интерес на правната држава.

Во своето соопштение Управниот суд не прецизирал што треба да се направи со веќе назначените началници и советници за кои Спасовски ги потпишал решенијата од 12-ти ноември до 31-ви декември лани. Професорот по управно право Борче Давитковски за Телма толкува дека со времената мерка досегашните назначувања остануваат, а Спасовски не смее до конечната судска одлука да прераспоредува кадри во МВР.

Чавков спротивно на ова тврдење со својата телеграма оценил дека судот ја враќа состојбата каква што била на почетокот на ноември кога тој уште беше министер во МВР.

За професорот Давитковски нејасно е и зошто Чавков одлучил да поднесе колективна тужба, бидејќи според него оние што сметаат дека се оштетени од решенијата на Спасовски требало лично да ја бараат правдата како што е предвидено во Законот за управни спорови.

Извор: Телма.мк