Уписите на новоотворената Филмска академија во Охрид ќе траат до 4 октомври

Сподели со своите пријатели

Од академската 2015/2016 година, во Охрид започнува со работа Институтот за филм – Филмска академија Охрид.

Loading...

Институтот за филм е јавна научна установа, која како придружна членка на Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, нуди постдипломски програми на Катедрата за сценаристика и драматургија и Катедрата за креативна продукција.

Тригодишните студиски програми ќе се изведуваат на англиски јазик и истите се прилагодени специјално за оваа институција согласно стандардите, принципите и долгата традиција на ФАМУ во Прага, петтата најстара филмска школа во светот.

Наставниот кадар на Институтот за филм – Филмска академија Охрид освен редовните, ќе го сочинуваат и визитинг професори од ФАМУ во Прага, што ќе им овозможи на идните студенти да учат директно од едни од најдобрите професори во областа.

Уписите за студирање на Институтот за филм – Филмска академија Охрид траат до 4-ти октомври, а пријавувањето се врши со пополнување на електронска пријава преку веб страната www.filmacademyohrid.com.

По завршувањето на рокот за електронско пријавување, врз основа на обработка на пристигнатите апликации и интервјуа со кандидатите кои ќе се реализираат на 13ти и 14ти октомври, стручен тим на оваа високо образовна установа ќе изврши и соодветна селекција на идните студенти.

Со цел да им се овозможи на најдобрите кандидати, без разлика на финансиската состојба, да студираат на Институтот за филм, Министерството за образование и наука ќе додели дваесет целосни стипендии за студентите кои ќе се запишат на постдипломските студии. За стипендија можат да аплицираат кандидати од Република Македонија и од странство.

Фото: Сител

Loading...


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.