Уништено едно од новите спортски игралишта во Куманово (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Несовесни граѓани ја уништеле подлогата на поставеното ново спортско игралиште во едно од трите средни училишта во Куманово, објави денеска на социјалните мрежи, кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски.

Loading...

– Тартан гумената подлога на надворешното игралиште во техничко училиште „Наце Буѓони“ во Куманово е уништено од страна на вандали во текот на вчерашниот ден веднаш по неговата изведба-напиша Димитриевски.

 

 

Тој го осуди вандалскиот чин, повика одговорните да го најадат сторителот и најави дека ќе продолжи да се гради игралиштето.

– Ќе ве пронајдеме кои и да сте, ќе одговарате а ние ќе продолжиме да работиме! Го осудувам овој вандализам, мораме сите заедно и одговорно да го сочуваме заедничкиот имот, апелирам до надлежните да ги пронајдат и санкционираат сторителите-напиша Димитриевски.

Во Куманово постојано се уништува урбана опрема. Неодамна беа уништени садници и клупи на повеќе локации.

Loading...

 

 

Во ова училиште и во уште две, средното „Перо Наков“ и гимназијата „Гоце Делчев“ општината со средства заштедени по однос на превоз и блок дотации гради спортски игралишта со одредени стандарди со еластична спортска подлога (тартан), фиксна трибина во два реда со 80 седишта, заштитна ограда и скали, комплет голови со мрежа по IHV стандарди, комплет кошеви со зглобен обрач и мрежа по FIBA стандарди. Во октомври на јавниот оглас беше избрана најдобра фирма изведувач. Од одделението за јавни набавки од општина Куманово, претходно информираа дека за изградбата на трите игралишта одвоени се 8.835.107. 22 денари со вклучен ДДВ, а за најповолен понудувач беше избран економскиот оператор „ИНТЕКО Иван“ ДООЕЛ Скопје.

Димитриевски во објавата потсети дека после 60 години ова училиште доби нова спортска сала и дека општината постојано вложува во подобрување на условите за учениците, меѓу нив изградбата на игралиштата, набавка на паметни табли, реконструкција на тоалети, кров, училници. Тој повика сите одговорно да се однесуваат кон заедничкиот имот.

Leave a Reply