Уништената брана во Украина закана за 80 населени места

Сподели со своите пријатели

Украинската јавна телевизија Suspilne го објави најновиот извештај за последиците од уништувањето на браната Нова Каховка во окупираниот дел на украинската област Керсон на југот на земјата.

Loading...

Поради експлозијата во хидроцентралата прогласена е закана од поплави за 80 населени места, изјави украинскиот премиер Денис Шмихал.

Досега целосно или делумно се поплавени повеќе од 10 населени места, соопштија локалните власти во Керсон.

16.000 луѓе во „критичната зона“

На десниот брег на реката Днепро во т.н во критичната зона има околу 16.000 луѓе, а локалните власти ги евакуираат жителите од загрозените места.

Околу пладне по локално време, воз за евакуација треба да тргне од Херсон за Миколаев.

Suspilne објави и инфографик во кој ги истакнува загрозените населби.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.