Унија на жени на ВМРО ДПМНЕ ОК Куманово организира трибина за семејното насилство

Сподели со своите пријатели

По повод меѓународниот ден на ненасилство што на светски рамки се одбележува на 2 октомври, во НУ Центар за култура ”Трајко Прокопиев” во Куманово, утре /6 октомври/, Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ ОК Куманово организира трибина под наслов ”Кажи не на семејното насилство”.

Loading...

На трибината ќе говори Душко Миновски, државен советник во Министерството за труд и социјална политика, како и претставници од Центарот за социјални работи од Куманово.

Трибината е со слободен влез, и е отворена за сите заинтересирани граѓани.