Униформите на полицијата и службените возила добија двојазични амблеми, односно освен на македонски истите се испишани и на албански јазик.
Loading...
Со промената на социјалните мрежи се пофали првиот вицепремиер Артан Груби, кој тоа го опиша како „уште една успешно завршена мисија, како што ветивме“.
Loading...
– Веќе се спроведуваат во пракса измените на Уредбата за употреба на албанскиот јазик во полициските униформи и нивните симболи кои ги усвоивме претходно на владина седница, напиша Груби.
Инаку двојазичните униформи се резултат на Законот за употреба на јазиците, кој што предвидува, во главниот град Скопје и во другите општини каде што живеат најмалку 20 отсто граѓани од заедниците ознаките да бидат двојазични.