Униформирани единици ќе ги чуваат надворешните граници на ЕУ од следниот месец

Сподели со своите пријатели

Европската унија од следниот месец за првпат ќе распореди постојана униформирана единица за чување на надворешните граници, вклучувајќи ги и оние на Балканот, наречена Постојани сили за гранична и крајбрежна стража.

Loading...

Според порталот Балканска безбедносна мрежа, првата група од 260 припадници на постојаните сили ги завршила подготовките во Полска, а обуката на втората група започна во октомври во Бари и ќе трае шест месеци.

Во текот на 2021 година, таа единица ќе брои околу 700 лица од цела ЕУ, а нивните задачи се да го потврдат идентитетот, да дадат одобрување или забрана за влез во ЕУ, да патролираат на границата, да пребаруваат и да спасуваат, да се борат против прекуграничен криминал и да разменуваат податоци.

Во 2019 година, повеќе од 7.000 полицајци од цела Европа, вклучувајќи ги Хрватска, Унгарија, Романија и Бугарија, се пријавија на конкурсот за таа формација.

„Овие сили ќе и овозможат на ЕУ да реагира брзо и да ја испрати единицата во кризната област без да чекаат полициски контингенти на одделни земји-членки. Потребата за ваква единица ја покажа и граничната криза во Грција во март 2020 година”, се вели во текстот.

Златко Шумковски


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *