УНИЦЕФ: Можеби илјадници деца загинаа во Турција и Сирија

Сподели со своите пријатели

Илјадници деца можеби загинаа во најсилниот земјотрес и последователните потреси во Турција и Сирија, соопшти денеска Детскиот фонд на ОН (УНИЦЕФ).

Loading...

„Во земјотресите што вчера рано наутро ја погодија јужна Турција и северна Сирија можеби загинаа илјадници деца“, изјави за новинарите портпаролот на УНИЦЕФ Џејмс Елдер.

Тој рече дека агенцијата на ОН сѐ уште не може да го утврди точниот број на деца, жртви на разорниот земјотрес, пренесе Ројтерс.

Сите информации поврзани со најновите случувања во Турција можете да ги прочитате ТУКА.