УНХЦР: Над милион раселени од почетокот на конфликтот во Судан

Сподели со своите пријатели

Повеќе од милион луѓе се раселени од почетокот на конфликтот во Судан, соопшти денеска Агенцијата на Обединетите нации за бегалци (УНХЦР).

Loading...

Таа бројка вклучува околу 843.000 внатрешно раселени лица и уште околу 250.000 кои го напуштиле Судан, изјави портпаролот на УНХЦР Метју Салтмарш, пренесе Ројтерс.

Тој додаде дека бегалците оделе во соседните земји, вклучувајќи ги Чад, Етиопија и Јужен Судан, но најголем број од нив досега ги примил Египет, кој од избувнувањето на конфликтот примил околу 11.000 луѓе.

„Многумина кои ни пријдоа беа изложени на насилство и трауматски услови во Судан“, рече Салтмарш, пренесе Танјуг.

Тој посочи дека темпото е зголемено во последните денови, па во Египет секојдневно пристигнуваат околу 5.000 Суданци.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Судан можете да ги прочитате ТУКА.