УНХЦР денес очекува нови 7000 бегалци кои ќе пристигнат во Гевгелија

Сподели со своите пријатели

Како што јавува новинската агенција МИА, повикувајќи се на извори од УНХЦР, денес се очекува нов бран од околу 7.000 мигранти кои во текот на денот треба да пристигнат на македонско-грчката граница близу Гевгелија. Според изјавите на граѓанските активисти кои работат во прифатниот центар во Гевгелија, на пат кон Македонија се 150 автобуси полни со бегалци од Блискиот Исток.

Loading...

Во изминативе 12 часа кон Табановце заминале 1.500 мигранти, а утрово кон северната граница заминал уште еден специјален воз со околу 1.000 мигранти.

Претставниците на УНХЦР оперираат со бројка од околу 3.000 мигранти кои изминативе 24 часа заминале од јужната кон северната граница. Според нив, состојбата на границата е нормална, а прифатниот пункт за мигрантите функционира во најдобар ред.

Како што јавува МВР, во периодот од 19 јуни до денес, издадени се потврди на вкупно 52.757 странски државјани, од кои, 36.417 се од машки пол, 7.224 се од женски, 8.174 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 942деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-42.723, потоа Авганистан-2.775, Ирак-2.477, Пакистан-1.616, Палестина-694,Сомалија-564, Бангладеж-357, Конго-310, Нигерија-188, Камерун-158 Еритреја-142, Етиопија-109, додека останатите се во помал број.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.