Унгарија прогласи вонредна состојба на целата територија

Сподели со своите пријатели

Унгарската влада прогласи вонредна состојба na целата територија поради ширењето на коронавирусот, рече вечерва унгарскиот премиер Гергели Гуљaш, наведувајќи дека одлуката е донесена во согласност со предлог на Министерството за внатрешни работи.

Loading...

Забранети се и влегувања на патници од Италија, Кина, Јужна Кореја и Иран, освен унгарските државјани кои доаѓаат од тие земји, кои ќе треба да останат во изолација две недели, пренесува МТИ.

Кривични пријави за сите што ќе шират лажни вести за коронавирусот

За таа цел, повторно ќе бидат воведени граничните контроли на шенгенските граници на Унгарија со Словенија и Австрија, а сите возови, автобуси и летови од споменатите земји ќе бидат предмет на обновени мерки на општата граница, а се планира воведување на целосни гранични контроли на границите на Унгарија со Хрватска.

Владата, исто така, планира да воведе забрана за одржување собири со повеќе од 100 лица, или одржување на собири на отворено со повеќе од 500 лица.

ВЛАДА: Сите што допатувале од регионите со епидемија со коронавирусот задолжително да се јават во Центрите за јавно здравје

Како што рече Гуљаш, универзитетите ќе бидат затворени од четврток, додека училиштата ќе останат отворени засега, бидејќи, како што рече тој, вирусот не ги погодува децата толку многу, а затворањето на основните училишта може да предизвика губење на целата година.

Гуљаш додаде дека епидемијата ќе влијае на економијата и дека повеќето земји во моментов се борат да избегнат рецесија.

Loading...

Leave a Reply