ВЛАДА: Сите што допатувале од регионите со епидемија со коронавирусот задолжително да се јават во Центрите за јавно здравје


Владата на Република Северна Македонија ги известува сите вработени во државните и локалните институции и претпријатија, вработените во основно, средно и високо образование, како и сите ученици и студенти дека доколку во последните 2 недели патувале или живеат со некој кој патувал во регионите каде официјално има епидемија од коронавирусот, официјално да се јават на телефоните во Центрите за јавно здравје.

Станува збор за : регионите Ломбардија, Венето, Емилија Ромања, Пиемонт во Италија, како и Народна Република Кина, Хонг Конг, Иран, Јапонија, Маку, Филипини, Република Кореа, Сингапур, Тајван.

Loading...

-Потребно е да не доаѓаат на работа, на училиште или на факултет и да ја информираат институцијата, претпријатието и образовната институција и веднаш да се јават на телефоните за контакт во центрите за јавно здравје, велат од Владата.

Битола – 071/261-330

Велес – 071/219-278

Гевгелија – 078/545-444

Кочани – 071/373-913

Куманово – 070/215-851

Охрид – 070/723-029

Прилеп – 076/475-747

Loading...

Скопје – 071/289-614

Струмица – 072/235-543

Тетово – 075/240-464

Гостивар – 076/365-161

Штип – 078/365-613

Институтот за јавно здравје – 078/387-194

„Ало докторе“ – 02/15-123.  

-Со исполнувањето на оваа обврска граѓаните ќе помогнат да се соберат релевантните информации за состојбата со корона вирусот, за да можат институциите навремено и ефективно да реагираат, додаваат надлежните.

Владата на Република Северна Македонија повикува на максимална лична одговорност на секој вработен во институциите, родителите на децата во образовниот процес и на сите граѓани, за да се оствари максималната заштита на секој поединец и на јавното здравје, како и да се следат и практикуваат препораките на Министерството за здравство и на Светската здравствена организација.

Никола Ивановски

Loading...

© Со преземање на содржината ги прифаќате Условите за преземање содржини

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *