Унгарија планира да купи 700 милиони кубни метри гас од Русија

Loading...
Сподели со своите пријатели

Унгарија очекува да постигне договор за купување на дополнителни 700 милиони кубни метри гас од Русија во текот на летото, изјави премиерот Виктор Орбан.

– Водиме преговори со Русите за набавка на дополнителни 700 милиони кубни метри гас. Мислам дека ќе успееме да се договориме во текот на летото. И тогаш се ќе биде во ред со нас – изјави Орбан за радио „Кошут“.

Претходно шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров изјави дека Унгарија сака да купи дополнително количество гас од Русија и нејзиното барање итно ќе биде разгледано.

Сите информации за економско-енергетската криза во светот можете да ги прочитате ТУКА.