Унгарија нема да испорача оружје во Украина

Сподели со своите пријатели

Унгарија нема да испорачува оружје на Украина, бидејќи сака да избегне инциденти во близина на нејзините граници слични на оние во близина на Лавов, кога руските војници уништија контингент странско оружје испратено до украинската армија, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.

Loading...

„Најважно за нас е безбедноста на Унгарија и ќе направиме се што е можно нашата земја да не се вклучи во војната“, рече Сијарто на заедничката прес-конференција со неговиот турски колега Мевлут Вуавушоглу во Анкара, пренесува ТАСС.

 

Москва протера 15 холандски дипломати

 

Тој повтори дека унгарската влада одбила да испорача оружје на Украина и не дозволила транспорт на оружје за украинската армија преку нејзина територија, а таа одлука ја оцени како добра, особено во светло на неодамнешниот настан во Лавов.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Шефот на МААЕ: Нуклеарните објекти во Иран не смеат да бидат нападнати

„Не сакаме слични настани во областите во близина на унгарско-украинската граница населени со етнички Унгарци“, изјави министерот за надворешни работи.

 

Loading...

Захарова: Киев настојува да ги наруши мировните преговори

 

Руското Министерство за одбрана на 18 април објави дека руските трупи, користејќи ракети со висока прецизност, нападнале во близина на Лавов и го уништиле логистичкиот центар на украинската армија и големите пратки со странско оружје што пристигнале во Украина за неколку дена од САД и европските земји.