Унгарија ќе го ратификува членството на Шведска и Финска во НАТО во 2023 година

Сподели со своите пријатели

Унгарија ќе го ратификува членството на Шведска и Финска во НАТО на почетокот на 2023 година, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Loading...

„Унгарија сигурно ќе го поддржи нивниот пристап, откако владата ќе го направи тоа, ќе го направи и парламентот“, рече Орбан.

Шведска и Финска официјално поднесоа барање за влез во НАТО во јуни оваа година, одлука поттикната од руската војна против Украина.

Сепак, како членка на НАТО, Турција изрази приговори за нивните кандидатури за членство, критикувајќи ги Шведска и Финска дека толерираат, па дури и ги поддржуваат терористичките групи.

Трите земји потпишаа трилатерален меморандум за разбирање на јунскиот самит на НАТО во Мадрид, со кој се предвидува дека Финска и Шведска повеќе нема да даваат поддршка на ЈПГ/ПЈД, сирискиот огранок на терористичката организација ПКК, ниту на терористичката организација ФЕТО. кој е одговорен за неуспешниот обид за воен удар во Турција.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  СЗО предупреди за ширење на птичји грип кај луѓето

Во својата повеќе од 35-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која е наведена како терористичка организација од Турција, Соединетите Американски Држави и Европската Унија, е одговорна за смртта на повеќе од 40.000 луѓе, вклучувајќи жени и деца,  но и постарите.

ЈПГ е сириски огранок на таа терористичка организација.