Унгарија ја подготвува посетата на Орбан на Киев

Сподели со своите пријатели

Шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто изјави дека Министерството за надворешни работи работи на подготовките за посетата на премиерот Виктор Орбан на Киев.

Loading...

„Кога ќе дојде време за посета, ќе отпатува и унгарскиот премиер (во Киев), Министерството за надворешни работи моментално работи на нејзината подготовка“, изјави Сијарто за унгарскиот портал Индекс.

Сијарто потсети дека Орбан разговарал со украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на учеството на украинскиот лидер на самитот на ЕУ на 9 февруари.

Унгарскиот весник „Непсава“ претходно објави дека за време на кратката средба со Зеленски на маргините на самитот, Орбан добил покана да го посети Киев.

За разлика од другите лидери на ЕУ, Орбан не го посетил Киев од почетокот на рускиот напад врз Украина на 24 февруари 2022 година, потсетува ТАСС.

Агенцијата наведува дека кабинетот на Орбан констатирал дека посетата на унгарскиот премиер зависи од напредокот во процесот на враќање на правата на малцинските Унгарци во украинската област Закарпатија.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.