Околу 64 отсто од Унгарците се против предлогот на Европската комисија земјите-членки на ЕУ да одвојат пари за обезбедување дополнителни 50 милијарди евра поддршка за Украина во следните четири години, објави денеска унгарскиот весник „Мајар немзет“, повикувајќи се на истражување на Институтот Незопонт.
Истражувањето покажа дека само 28 отсто го сметаат предлогот за прифатлив, пишува весникот, пренесе МТИ.
Истовремено, околу 13 отсто од оние кои го поддржуваат бриселскиот план изјавиле дека нема да го прифатат доколку Унгарија не ги добие средствата од ЕУ доделени за таа земја.
Вкупно 77 отсто рекле дека би било неправедно да ѝ се понудат на Украина ресурси на ЕУ наменети за Унгарија.
Околу 88 отсто од испитаниците посочиле дека се согласуваат со потребата од итен прекин на огнот, а само три отсто рекле дека војната треба да продолжи, пишува унгарскиот весник.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.