УМС од Куманово организира трибина за собирање на предизборни идеи

Сподели со своите пријатели

Унијата на млади сили на ОК на ВМРО ДПМНЕ Куманово за петок /11 декември/ го закажа одржувањето на трибината ”На Македонија и треба твојата идеја” што ќе се одржи во малата сала на НУ Центар за култура ”Трајко Прокопиев”.

Loading...

На трибината се очекува да говорат високи партиски претставници кои воедно од граѓаните на Куманово и младите ќе собираат идеи кои ќе бидат инкорпорирани во новата изборна програма на ВМРО ДПМНЕ за претстојните избори.

УМС на ВМРО ДПМНЕ Куманово воедно упатува јавен повик до сите заинтересирани граѓани и членови да бидат дел од трибината за да дадат активен допринос во градењето на новата изборна програма.

Почетокот на трибината е закажан за 19:30 часот.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.