УМС на ОК на ВМРО ДПМНЕ Куманово: Дамјановски од општината си направи приватна компанија

Сподели со своите пријатели

Освен по својата неработа и празните ветувања, градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски,  ќе остане запаметен и по тоа што од општината успеа да направи приватна компанија во која се вработени негови блиски роднини, братучеди, кумашини, роднини и пријатели на раководството на СДСМ, обвинија денес од Унијата на млади сили при ОК на ВМРО ДПМНЕ Куманово.

Loading...

Никола Перовиќ, инаку потпретседател на кумановскиот огранок на УМС на ВМРО ДПМНЕ, на денешниот прес го обвини Дамјановски дека врши своевидно приватизирање на општината каде со граѓански пари се вдомуваат луѓе од ним блиските семејства.

Вистинските критериуми за вработување во општината и јавните претпријатија во Куманово изгледа вака: наместо критерумот образование и диплома, дипломата во Куманово е партиската книшка на СДСМ. Но тоа не е доволно, потребно според Дамјановски и СДСМ е да се има и сина крв. Критериумот стручност го заменија со критериумот задолжителна роднинска поврзаност со некој од раководството на СДСМ. Има уште критериуми… Секој нововработен, наместо на граѓаните, тој треба да служи на партиските и приватните интереси на врхушката на СДСМ, вели Перовиќ.

Резултатот на сето ова е што општина тоне во милионски долгови, нефункционални претпријатија, а Куманово наликува како да е во среден век, обвинија од УМС на ОК на ВМРО ДПМНЕ Куманово.

Овие критериуми  не ги исполнуваат  способните, младите и образованите, туку роднините на Зоран Дамјановски и роднините на Оливер Спасовски и претседателот на СДСМ Куманово. Па така  стеблото на непотизам во Општина Куманово на вработени роднини на функционери од СДСМ е поголемо од она на Охридскиот чинар, и не може во една прес конференција да се доредат до крај, вели Перовиќ.

Во низата обвинувања, на денешниот прес, од УМС на ОК на ВМРО ДПМНЕ Куманово, наведуваат  дека сопругата на првиот братучед на Дамјановски, Билјана Дамјановска е финансова директорка на ЈП ”Водовод”,  додека пак нејзиниот сопруг, братучед на Дамјановски, Горан Дамјановски е вработен во јавното претпријатие “Пазаришта” во кое работи и кумашинката на Дамјановски Маре Костовска, инаку мајка на претседателот на општинската организација на СДСМ во Куманово Мартин Костовски, кој пак работи во општината.

Во Јавното претпријатие Водовод работи братучетката на Дамјановски Мери Јанковска, па се стигнало да се вработи и синот на фотографот во општината Ангел Јакимовски, чија мајка инаку братучетка на сопругата на Дамјановски Ленче Јакимовска е вработена во градинката Ангел Шајче со што Дамјановски успеал да ја згрижи целата фамилија Јакимовски.

На денешниот прес, од УМС не го изоставија и Оливер Спасовски, актуелен генерален секретар на СДСМ, како и претстедателот на Совет на Општина Куманово, Максим Димитриевски.

 Спасовски своевремено беше и секретар на Општината, па така и го продолжи континуитетот на фамилијарното стебло, па ги вработи неговата сестра Билјана Петрушевска во ООУ „Крсте Мисирков“ како и неговиот зет, Ненад Петрушевски, во Јавното претпријатие „Водовод“. Максим Димитриевски, член на Извршниот одбор на СДСМ откако Зоран Заев е претседател на СДСМ, и истовремено претседател на Советот на општина Куманово, својата сопруга ја има вработено во ООУ „Кочо Рацин“, а неговата сестра во ООУ „Браќа Миладиновци’, обвинија од УМС.

Од Унијата на млади сили при ОК на ВМРО ДПМНЕ Куманово, на денешниот прес беа споменати и Момчило Дамјановски, кој според УМС е вработен во ЈП ”Чистота и зеленило” како прв братучед на Дамјановски, а и кумата на Дамјановски, Верче Трлин,  како и кумашинот на Дамјановски, Драган Живиќ, чија сопруга пак е вработена во основното училиште Толи Зордимус, додека според УМС,  во економското училиште е вработена ќерката од братучед на Дамјановски, Елена Крстевска.

Згрижен е и поранешниот директор на јавното претпријатие Куманово гас Никола Денковски.  Зоран Дамјановски и СДСМ прават невидена злоупотреба на општината која ја имаат приватизирано за свои приватни и партиски интереси. Граѓанитена Куманово бараат да им се врати општината на граѓаните, вели Перовиќ.

На завршницата од денешниот прес, Перовиќ во име на партијата, обвини дека ова е срамен пример на работење на локалната самоуправа на Куманово.

 

Loading...