Уметничката колекција на Рокфелер оди на аукција

Сподели со своите пријатели

Аукциската куќа „Кристи“ ќе продава стотина уметнички дела од колекцијата на Дејвид Рокфелер и неговата сопруга Пеги, меѓу кои има и слики на Матис, Моне и Пикасо.

Колекцијата од утре до 8 март ќе може да се види во Лондон, а потоа ќе биде ставена на продажба во Њујорк од 7 до 11 мај.

 

Loading...

 

Се очекува нејзината пазарна вредност да достигне до 500 милиони долари, а парите ќе бидат наменети за хуманитарни цели.

Според „Форбс“ вредноста на имотот на Рокфелер се проценува на околу 3,1 милијарда долари. /МИА

Leave a Reply