Умерено облачно со температури до 32 степени целзиусови

Сподели со своите пријатели

Во текот на денешниот ден ќе имаме сончево време со умерена облачност и умерен северен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималните температури ќе се движат од 10 до 18 сптени, додека максималните дневни вредности ќе бидат во интервал од 24 до 32 степени целзиусови. УВ индексот ќе има вредност 8.

Куманово и околината денес ќе имаат сончево до умерено облачно време со услови за краткотраен дожд и грмотевици во попладневните часови, ќе дува засилен северен, односно северозападен ветер, а максималната дневна температура ќе достигне 27 степени целзиусови.

До крајот на неделата ќе се задржи стабилно, сончево време со умерена облачност и со пораст на дневната температура на воздухот.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.