Бурманскиот питон е една од најголемите змии во светот. Примерокот кој е пронајден во Флорида, ги надминува сите стандарди кога во прашање е должината и тежината на тој вид змија.
Истражувачите уловиле женски питон во Флорида, во Еверглејдс, мочуриште кое се протега на 729.000 хектари западно од Мајами.
Питонот долг повеќе од пет метри има тежина од 65 килограми. Во прашање е женка која во своето тело носела дури 73 јајца.
Поголемиот дел од питоните во Еверглејдс, имаат должина од околу два до три метри. Според податоците на Комисијата за зачувување риби и диви животни на Флорида, уште една змија „рекордер“ е од овие простори, била долга над 5,5 метри и тешка околу 45 килограми.
Инаку со помош на трансмитер, истражувачите на овој простор ги следат змиите, собираат податоци и таквите сознанија ги користат во понатамошната стручна работа.
Еверглејдс е огромно подрачје со тропска клима која им одговара на питоните. Се проценува дека во огромните мочуришта во околината на Мајами живеат дури 100.000 питони па така можат да преставуваат посебен вид опасност, пренесува порталот CNN.
За да ја контролираат популацијата на замии, Флорида организира натпреварувања кои потикнуваат лов на нив. Во 2013 година, дури 1.600 луѓе учествувале во програмта за потрага по питони кога биле пронајдени дури 68 вакви змии.
Четири години подоцна, властите спровеле 175.000 долари вредна пилот програма за еутаназија на питоните, во која учествувале 25 ловци.
Питоните се појавиле во Еверглејдс, во осумдесеттите години од миантиот век, а се смета дека нивното присуство е последица на несовесните сопственици на змии, кои ги држеле како домашни миленици, а потоа ги пуштале во природата.