Улогата на собранието во изградбата на државен консензус е незаменлива

Сподели со своите пријатели

Денеска, 21 јули 2021 година, во рамки на проектот на МНР “Рефлексија 2030 – десетгодишна надворешно-политичка стратегија” се одржа тематска дискусија поврзана со парламентарната димензија на надворешната политика и улогата на Собранието и парламентарната дипломатија во остварувањето на стратешките надворешно-политички цели на Република Северна Македонија.

Loading...

Состанокот е продолжение на серијата настани во рамки “Рефлексија 2030” со кој се иницираше активен и широк консултативен процес со релевантни општествени чинители со цел прибирање на инпути и идеи во насока на изработка на сеопфатна и долгорочна Стратегија за надворешна политика.

На состанокот, воведно обраќање имаше министерот за надворешни работи Бујар Османи, а во дискусијата учествуваа дел од претседавачите на соодветните собраниски тела надлежни за надворешна политика, шефовите на собраниските делегации за соработка со меѓународните организации, како и на дел од членовите на Стратешкиот совет на МНР.

“Независно од актуелните предизвици, на долг рок наша амбиција е да ја зајакнеме улогата на Собранието во создавањето на надворешната политика, со посебен фокус во изградбата на националните, на стратешките позиции на земјава. Се водам од премисата дека надворешната политика започнува дома. Имајќи го предвид динамичното окружување, не само регионално, туку и воопшто агресивната динамика на општите меѓународни односи – сметам дека мора да вложиме повеќе напор во изострување на заедничките позиции, заедничките ставови особено во надворешната политика. Државните интереси ни се заеднички, секако постојат разлики во тоа на кој начин да се имплементираат, но токму од аспект на надминувањето на овие разлики улогата на собранието е незаменлива”, рече Османи.

Учесниците во дебатата разменија мислења за содржинските аспекти на надворешно-политички приоритети на државата во наредните 10 години и улогата на Собранието и парламентарната дипломатија во остварување на клучните цели во тој контекст.

Leave a Reply