Уличната трка „Born2Run“ утре во Куманово

Сподели со своите пријатели

Здружението Центар за интеркултурен дијалог организира трки “Born 2 Run” на 3км и 10км кои се дел од проектот “Run 4 Inclusion“.

Loading...

Трките ќе се одржат на 11-ти октомври со почеток во 14:00 часот, а стартната позиција и крајна цел ќе биде плоштадот “Нова Југославија” во Куманово.

Настанот ќе започне со регистрација во 12 часот, а стартот на трката ќе биде во 14 часот.

По завршување на трката ќе следи церемонија за доделување на награди и благодарници за институциите кои го вложија својот труд во успешна реализација на овој проект.

Проектот е имплементиран во соработка со Здружение за социјална промоција Ла Фениче од Италија, Хираиф СИС од Велс, ОБСЕ Мисија во Скопје, Општина Куманово, СВР Куманово, Црвен Крст – Куманово и Здравствен дом – Куманово.

-Главната цел на проектот е да се сплотат етнички поделените заедници во градот и преку спортски настани да се промовира дух на соживот и меѓусебна доверба. Трките се организираат трет пат по ред и зафаќаат сѐ поголеми размери. Минатата година учество во трките земаа над 200 учесници на возраст помеѓу 15 и 35 години. Учеството на трките е бесплатно и истите се организирани волонтерски со помош на локални и меѓународни волонтери, информираат организаторите.

Leave a Reply