Улицата која ги поврзува приградските населби Бабин Дол и Биљановце со населбата Гоце Делчев денес доби нов асфалт, а увид во градежните зафати ан терен изврши градоначалникот Зоран Дамјановски и надлежните од Општина Куманово.
Loading...
Улицата е долга 520 метри, со површина од 2.800 квадратни метри, а асфалтирањето по барање на граѓаните денеска започна, со минимална помош од општината, а со поголемо ангажирање на месните заедници.
Имам чест да истакнам дека благодарение на ангажманот на Месната заедница во Бабин Дол и Биљановце и на иницијатива на луѓето они се организираа со сопствен превоз, поддршка од општината за давање материјал, гребање на асфалт и тампон и на некој начин да се санира патната инфарструктура во приградската населба и комуникација со населбата Вера Которка и Биљановце, делница која го поврзува патот оваа населено место со светиниколскиот пат – рече Дамјановски.
Според градоначалникот, политиката на Општина Куманово и во следниот период ќе продолжи со асфалтирање и бекатонирање на улциите во приградските населби, а конкретно населбата Бабин Дол наскоро ќе добие уште неколку новоасфалтирани улици.
На некој начин ќе ја избалансираме тешката состојба во однос на комуналната инфраструктура. Ја остваруваме програмата за санација и реконструкција на патната инфраструктура, асфалтирање и поставување бекатонски подлоги на места каде се помали сообраќајници – додава Дамјановски.
Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.