Украле мајмун од Зоолошката градина во Скопје

Сподели со своите пријатели

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден околу 17,30 часот во Зоолошката Градина во Скопје од страна на двајца посетители со употреба на погоден алат пресекле делови од челичните жици од мрежаста ограда и низ отворот извлекле и украле животно мајмун од видот Павијан.

Loading...

Истите со украденото животно најверојатно ја прескокнале затворената капија и со такси возило го напуштиле местото на настанот и се упатиле кон Кавадарци.

По превземени мерки двете осомничени лица се пронајдени и приведени во ПС Кавадарци и по што им е утврден идентитетот С.Н.(31) и И.П.А.(26) и двајцата од Кавадарци.

По целосно расчистување и документирање на настанот ќе следи соодветен поднесок.