Украл прстен од 91-годишна жена за да ја запроси девојката, но од свадбата нема ништо

Сподели со своите пријатели

Британските власти соопштија дека еден крадец, кој украл накит од 91-годишна жена и нејзиниот венчален прстен за да ја запроси својата девојка е осуден на затворска кзна.

Властите навеле дека 38-годишниот Стивен Рид со осучесник влегол во станот на жената. Рид неколку дена потоа со украдениот златен прстен ја запросил својата девојка.

Таа девојка подоцна го препознала прстенот во полицискиот апел со кој се бара да се врати украдениот накит.

Британскиот суд го осудил Рид на четири години и девет месеци затвор поради кражба.

 

Loading...