Украинските војници гранатираа железничка станица во Курск

Сподели со своите пријатели

Украинските војници ја гранатираа железничката станица Глушково во областа Курск, објави утрово на каналот Телеграм гувернерот на таа руска област Роман Старовојт.

Loading...

Тој изјави дека станицата и селото Кулбаки останале без струја и дека како последица на нападот избувнал пожар, кој бил изгаснат, пренесува ТАСС.

„Железничката станица Глушково е нападната од украинска страна со девет гранати. Нема жртви“, прецизира „Старовојт“.

Округот Глушковски е еден од шесте окрузи на Курската област на границата со Украина, а РИА Новости јавува дека областа редовно е цел на напади со украински беспилотни летала и артилериски напади.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.