Украинските власти се надеваат дека ќе отворат 9 коридори

Сподели со своите пријатели

Украинските власти денеска најавија дека се надеваат дека ќе отворат девет „хуманитарни коридори“ од неколку градови низ земјата, вклучително и Мариупол на југоисток.

Loading...

Вицепремиерката Ирина Верешук рече дека владата се надева дека ќе ја отвори рутата денеска, пренесува Би-Би-Си.

 

Грузијците тргнаа да се борат во Украина (ВИДЕО)

 

Овој потег, наводно, следел по обвинувањата на украинските власти дека Русија намерно уништила театар во Мариупол, во кој, според нив, во моментот на ракетниот напад биле сместени околу 1.200 луѓе.