Украинската армија во изминатите 24 часа ја гранатираше територијата на самопрогласената Народна Република Доњецк (ДНР) 101 пати, при што загинаа седум и беа повредени 19 цивили, соопшти мисијата ДНР во Заедничкиот центар за контрола и координација на Денеска беше објавено за прекин на огнот.
„Во изминатите 24 часа мисијата доби информација дека седум цивили се убиени во областите Петровски и Верхнеторич во Доњецк. Според нашите информации, 19 цивили се здобиле со рани од различен степен во областите Киев, Киров и Петровски во Доњецк, како и во населбите Јаковлевка, Докучаевск и Јасиноватаја“, се вели во соопштението на мисијата, пренесува ТАСС.
Во изминатите 24 часа мисијата извести за 101 случај на бомбардирање, употребена е ракетна и топовска артилерија, минофрлачи и повеќецевни ракетни системи „Град“, а истрелани се вкупно 935 гранати.
Според руската агенција, оштетени се 27 куќи и осум објекти од цивилна инфраструктура.
Москва: Украинските сили гранатираа село во областа Курск
Вооружените сили на Украина отвориле оган врз селото Тјоткино во руската област Курск, соопшти гувернерот Роман Старовојт.
Тој на Телеграм напиша дека има пожар и дека гранатирањето се уште трае, пренесува РИА Новости.
Курската област се наоѓа на запад од Русија, на границата со Украина.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.