Украинскиот министер за одбрана вели дека главните сили сѐ уште не се користени

Сподели со своите пријатели

Ослободувањето на група села под руска окупација во последните недели „не е главниот настан“ во планираниот напад на Киев, изјави за „Фајненшл тајмс“ Олексеј Резников, министер за одбрана на Украина.

Loading...

„Кога ќе се случи, сите ќе видат… Сите ќе видат сè“, изјави тој за ФТ во интервјуто објавено денеска, отфрлајќи ги медиумските извештаи за бавниот напредок на Украина против добро зацврстените руски позиции.

Украина тврди дека ослободила 130 квадратни километри територија

Главните резерви на украинските војници, вклучително и повеќето бригади неодамна обучени на Запад и опремени со современи тенкови и оклопни возила на НАТО, допрва треба да се користат во операцијата, рече Резников.

Украинската армија кон крајот на минатата недела објави дека ослободила вкупно 130 квадратни километри територија окупирана од Русија на југ откако започна контраофанзива пред околу три недели и објави мали успеси на источниот фронт.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.