Украински снајперист погуби руски генерал

Сподели со своите пријатели

Рускиот генерал Андреј Суковецки бил убиен вчера во жестоки борби во Украина, а според неколку руски и украински медиуми и Дејли Мејл, генералот бил убиен од снајперски куршум од украински војник.

Loading...

Неговата смрт не е официјално потврдена, но негов колега го објави тоа на социјалните мрежи.

 

ОН тврдат: Бројот на убиени цивили се искачи на 249, меѓу кои 17 деца

 

Дејли Мејл понатаму тврди дека друг воен извор потврдил дека генералот бил убиен од снајпер и дека неговиот погреб најверојатно ќе се одржи во сабота.

Суковецки беше командант на руската воздухопловна дивизија. Имаше 47 години и учествуваше во руските операции во Сирија, а беше и заменик командант на 41-та Комбинирана армија која се бори во Украина.