Украински пар се венча и направи свадбени фотографии среде урнатините на Харков (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Еден Украински пар се венчале среде војна во метрото во Харков, а својот брак решиле да го прослават во воена средина, опкружена со урнатини во Харков.

Loading...

 

 

Настја Грачева и Антон Соколов беа фотографирани веднаш откако се венчаа меѓу урнатините на трговски и деловен комплекс во вториот по големина град во Украина. На фотографијата објавена на Твитер се гледа како парот позира меѓу урнатините, а описот објаснува како изгледа свадба во градот под постојано гранатирање: „Фотозона во позадина на уништена зграда и бомбардиран центар на градот, церемонија во метрото“.

И двајцата биле медицински работници пред почетокот на војната, а сега волонтираат и обезбедуваат бесплатна медицинска нега на оние на кои им е потребна. Настија работела како медицинска сестра во онколошка болница, а Антон како фармацевт пред руската инвазија на Украина.

 

Loading...

 

Се вели дека кога останале без медицински материјали, почнале да собираат пари и да купуваат лекови за жителите на градот на кои им било потребно лекување. Харков сè уште го чека повлекувањето на руските сили, но тоа не ги спречи Настија и Антон да го прослават својот најсреќен ден.