Извор од украинската служба за безбедност изјавил за Би-Би-Си дека синоќешниот напад на мостот на Крим бил „специјална операција на поморските сили на Украина и на украинската служба за безбедност“.
„Мостот беше нападнат од поморски дронови. Беше тешко да се стигне до него, но на крајот успеавме”, рекол изворот.
Мостот Крим, клучната линија за снабдување на руските сили во Украина, е оштетен утринава во „вонредна“ ситуација во која загинаа две лица, а едно дете беше повредено, соопштија руските власти, а украинските медиуми јавуваат за експлозии на мостот.
Сообраќајот беше запрен на мостот што Русија го изгради за да ја поврзе нејзината територија со полуостровот Крим, кој Москва го зазеде во 2014 година, соопштија руските власти.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.