Украински извор: Со дронови погодена руска нафтена рафинерија

Сподели со своите пријатели

Украина ја погоди руската нафтена рафинерија во градот Туапсе со беспилотни летала со кои управува безбедносната служба СБУ, изјави денеска украински извор за Ројтерс.

Loading...

Изворот рече дека Киев ќе продолжи да ги напаѓа објектите кои обезбедуваат гориво за руската војска.

„СБУ удира длабоко во Руската Федерација и продолжува да напаѓа објекти кои не само што се важни за руската економија, туку и обезбедуваат гориво за непријателските трупи“, рече изворот, пренесе Ројтерс.

Туапсе е град во руската провинција Краснодар и се наоѓа на североисточниот брег на Црното Море.

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  РУСИЈА: Осомничениот за експлозија на автомобилот признал дека соработувал со украинските служби