Украински генерал: Русите се покажаа како професионалци, оружјето од Запад не ни помогна

Сподели со своите пријатели

Украина признава дека контраофанзивата не напредува според планираното, но дека тенковите од Запад не им дале предност ниту на бојното поле.

Loading...

Генералот задолжен за офанзивата на Украина на југот вели дека Русија создала повеќеслојни мински полиња и зајакнати одбранбени линии кои го попречиле напредувањето на воената опрема, вклучувајќи тенкови и оклопни возила испорачани од Западот.

– Затоа најголем дел од задачите мора да ги извршуваат војниците – вели генералот Александар Тарнавски за „Би-Би-Си“.

Тој вели дека руската армија покажала „професионални квалитети“ со тоа што ги спречила украинските сили „брзо да напредуваат“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп: Зеленски ќе потпише „многу голем“ договор за минерали

– Не го потценувам непријателот – додава тој.

Досега има малку докази дека тенковите и оклопните возила од Запад успеале да го свртат билансот во корист на Украина.

Неколку тенкови Леопард и американските борбени возила Бредли беа оштетени или уништени во првите денови од офанзивата, во близина на градот Орехов.

Украинската 47-ма бригада, главно обучена и опремена од Западот за да се обиде да ги пробие руските линии, набрзо беше запрена со мини, а потоа и артилериски оган.

Loading...

Русија објави повеќе видеа од инцидентот тврдејќи дека украинската офанзива веќе пропаднала.

Реално контраофанзивата беше забавена, но не и беше зададен „решавачки удар“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Шефот на украинските шпиони: „Русија сака да создаде империја. Овие 4 земји се следните цели“

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.