Украинските сили претрпуваат големи загуби во битката за Бахмут, бидејќи генералштабот не го подготвил градот за одбрана, тврди поранешниот заменик командант на украинските сили за специјални операции, генерал Серхиј Кривонос.
– Плаќаме страшна цена за овој град. Станува збор за тоа дека некои офицери од командата направиле грешки и не го подготвиле градот за соодветна одбрана – изјави Кривонос, поранешен заменик секретар на Советот за национална безбедност и одбрана, а пренесува Тасс.
Во интервју за Канал пет, украинскиот генерал вели дека одбраната на пристапот кон Бахмут и самиот град не била добро подготвена, што резултирало со големи загуби.
Според него, украинската армија требало да се повлече од Бахмут во февруари.
Тој наведува и дека владата во Киев има големи проблеми со обуката на мобилизираните војници.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.